ДОЛГОРОЧНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ
Не е важно каде патувате и колку долго, ние ќе Ви понудиме голема палета на возила кои ќе го направат возењето незаборавен дел од Вашето патување. Многу возачи се одлучуваат за долгорочно изнајмување на возило наместо другите методи на транспорт како што е автобускиот или такси превозот поради дополнителна предност од сопствен автомобил. Јавниот транспорт понекогаш може да Ве чини прескапо во однос на комоцијата и слободата што ја нуди автомобилот. Од палетата на возила за изнајмување по достапни цени од Балкан Рент а кар, можете да изберете автомобил сличен на својот или пробате нешто сосема ново. Ние, исто така можеме да Ви ја понудиме извонредната поволност за промена на моделот на автомобил од нашата флота до 2-3 пати за време на Вашиот период на долгорочно изнајмување. Запознајте ги патиштата по кои патувате на свој начин и по свое темпо.

ПАТНИЧКИ ТРАНСФЕР СО ЛИЧЕН ШОФЕР
На ваше барање, ние можеме да Ви понудиме патнички трансфер со личен шофер. Доколку не сакате да се грижите за возење на нашите возила, оставете му ја оваа работа на некој друг - јавете се во Балкан Рент а кар и побарајте ги нашите професионални возачи. Се што е потребно е да ни ја кажете Вашата локација. Доставувањето на автомобил до Вашиот дом или компанија или пак на аеродром е бесплатно.

ИСПОРАКА И СОБИРАЊЕ ДОМА
Во Балкан Рент а кар се трудиме да им го поедноставиме секојдневието на нашите клиенти. Бесплатно Ви ја нудиме услугата на доставување и земање на возилото на Вашата адреса. Едноставно направете резевација онлајн и внесете го местото на испорака/собирање и потоа релаксирајте се додека ние Ви го доставиме возилото до вашата врата! Испорака и земање на возилата е достапна во Скопје.
